Непознати мажи отворија оган врз кафуле во северниот дел на Франција
Француската полиција уапси две лица, а трага по уште четворица, откако отвориле оган врз кафуле во градот Туркоан. Засега нема информации за повредени лица во инцидентот.
Напаѓачите, кои носеле црна облека, маски и оружје, го паркирале својот автомобил пред центар за социјални грижи. Тие излегле од возилото, го преминале плоштадот и отвориле оган. Потоа се вратиле во автомобилот и избегале.
Две полициски патроли успеале да ги запрат. Непознатите мажи го оставиле автомобилот и се обиделе да се скријат. Еден од напаѓачите бил веднаш уапсен, а вторит се скрил во една куќа. Останатите четворица успеале да побегнат. Полицијата ја опколила куќата и два часа подоцна е уапсен и вториот напаѓач.
Во 2015 година истото кафуле било мета на сличен напад. Тогаш околу 20 маскирани лица влегле внатре и отвориле оган.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа