Свет
5. October 2015 - 8:34

Непознати лица предизвикале пожар во бегалски прифатен центар во Германија

Непознати лица предизвикале пожар во прифатен центар за бегалци во општината Фрамар, во германската покраина Турингија.

Биле запалени мобилните тоалети, поставени пред фискултурната сала, во која се сместени 10 бегалци. Огнот ја зафатил фасадата на зградата.

Пожарникарски екипи веднаш го изгаснале пожарот, во кој нема повредени.

Во текот на минатата ноќ пожар избувнал и во идниот прифатен центар за бегалци во градот Ксантен, во покраината Северна Рајна-Вестфалија.