Македонија
11. December 2017 - 13:38

Непознати лица им го украле дневниот промет кај Транспортен

Во 06 часот и 45 минути утрово било пријавено дека во Скопје на улицата “Анастас Митрев“, во близина на Транспортниот центар, две непознати лица извршиле разбојништво над 29-годишниот А.М. и уште две лица, сите вработени во угостителски објект.

Полицијата информира дека насилниците со закана со нож им одзеле сума од околу 156.000 денари - пари од дневен промет и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.