Македонија
5. July 2021 - 20:29

Непозната црна течност излеана во Охридското езеро

На кејот од Охридско Езеро, на потегот од хотел „Милениум“ до хотел „Ројал“ вчера била излеана непозната течност, објави ТВМ.

Порталот пишува дека по пријава на граѓани, екологистите на „Грашница“ излегле на терен и ја констатирале состојбата.

Екологистите очекуваат еколошкиот инцидент да биде расветлен во брзо време.