Македонија
12. November 2017 - 13:42

Непознат сторител ограбил битолчанка во Центарот за култура

Битолчанката Е.М. вчера попладне била ограбена во Центарот за кутлура во Битола.

Министерството за внатрешни работи информира дека непознато лице вчера околу 17,30 часот преку незаклучена врата влегло во фоајето на Националната установа-Центар за култура-Битола и со употреба на физичка сила ја отворило заклучената еднокрилна дрвена врата од билетарницата и влегло внатре од каде од женска чанта оставена на пунктот за наплата сопственост на Е.М.од Битола одзело женски паричник во кој имало лична карта, кредитна картичка, 200 денари и други членски картички.

При кражбата  пристигнала оштетената Е.М,  по што непознатото лице ја  турнало наназад и побегнало, а при обидот за бегство удрило во една од стаклените влезни врати во фоајето и  ја скршило.

Увид на лице место  извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на  лицето.