Свет
21. January 2016 - 8:56

Непокорниот нов премиер на Каталонија

Економист - Лондон

Во изминатите пет години како претседател (премиер на регионалната влада) на Каталонија, Артур Мас го предводеше стремежот кон независност, но тој беше првенствено поддржувач бизнис центрист кој ја прифатил каузата за отцепување, затоа што политиката тоа го бараше од него. Кога на 9 јануари тој ја напушти позицијата откако три месеци се обидуваше да состави влада, тоа го трасираше патот за доаѓање на почист во идеолошките односи наследник - Карлес Пучдемон. Во изјава во 2013, Пучдемон рече, преку цитат на еден каталонски новинар егзекутиран за време на диктатурата на Франциско Франко, дека „натрапниците ќе бидат изгонети од Каталонија“, мислејќи на шпанската влада.

На 12 јануари Пучдемон стана првиот каталонски премиер кој положи заклетва при стапувањето на должноста, пропуштајќи го традиционалниот завет за верност кон уставот и кралот на Шпанија. Шпанскиот министер за внатрешни работи следеше со леден молк.

Имено, дамнешното ангажирање на Пучдемон во независноста, која голе дел од неговата десноцентристичка партија Демократска конверегенција на Каталонија (ДКК) дури на крајот ја прифати, му овозможи да состави влада откако Мас не успеа во тоа. Тоа му ја донесе довербата на крајнолевата партија Кандидатура за народно единство (КНЕ), чии членови го сметаа Мас за слаб поддржувач на економијата, но изгледа го сметаат Пучдемон за подостоен радикал за доверба.

Три месеци по изборите, движењето за независност на Каталонија сега ја контролира владата на областа. Но таа контрола беше постигната на сметка на образот на отцепниците. Со години, сепаратистичкото движење успешно се претставува како мирно, љубезно и прогресивно. Поддржувачите на продолжување на сојузот со Шпанија беа исмевани како реакционери или дури и како наследнци на Франко. Сега високи членови на движењето за независност стравуваат дека тоа ќе биде идентификувано со КНЕ, чии размавтани членови и собири со безредија ги плашат конзервативните каталонци од средната класа. ДКК на Пучдемон по традиција го поткрепува редот и мирот. Малата но од неодамна засилена КНЕ претставува радикална промена.

Беспрекорниот образ на сепаратизмот наоѓа насилен израз во демонстрациите во поддршаката на независноста на Националниот ден ан Каталонија, 11 септември. Во секоја од последните четири години во демонстрациите се вклучени намјалку 600,000 луѓе - или околу 10 проценти од населението.Цели семејства одат на добронамерните протести на кои баби и дедовци држат за рака мали деца и се развиваат црвено-златно-сини знамиња - боите на движењето за независност, „а по улиците нема фрлено ниту еден отпад“, тврди Жорди Санчез, претседател на организацијата Каталонско национално собрание, која ги организира одбележувањата.

Унионистите се жалата дека цивилизираната фасада на сепаратизмот прикрива едно непријатно чувство за морално владеење. „Го нарекувам тоа фактор Кумбаја (религиозна песна која ја прифатиле и извидниците)“, се жали катлонски економист кој е противник на сепаратизмот. Чувството за праведност кое го наметнува движењето е поддржано со учеството на неколку монахињи. Тереза Форкадес, бенедиктанка со диплома од Харвард, која е преместена од својот манастир во светата каталонска планина Монсерат, е радикална фигура која масата ја сака. Мас имаше обичај да биде виден со еден од своите најголеми идоли - доминиканската монахиња Лусија Карам.

Според коалицискиот договор Пучдемон сега ќе ја предводи каталонската влада по 18-месечната „патна карта“ кон независност. Но уставот на Шпанија не дозволува никаков чекор кон отцепување, ниту пак се има планови за референдум по тоа прашање. Сегашната влада во Мадрид, раководена од конзервативната Народна партија (НП) на Маријано Рахој, се заколна дека ќе ја примени сета сила на законите ако процени дека уставот е во опасност.

Прашањето е дали каталонците ќе ја поддржат владата која отворено следи конфронтирачки курс. Мас ги организираше регионалните избори како референдум за независност, кој Мадрид одби да ги признае. Неговата коалиција „Заедно за Да“ и КНЕ, кои ја поддржаа патната карта, добија повеќе од половината места во регионалниот парламент, но само 48 отсто од гласовите. Дури многу сепаратисти се сомневаат дека тоа е доволно. Грозните внатрешни борби во последниве години и радикалните лудории на КНЕ скоро никако не ја засилуваат поддршката.

Редовите на сепаратистите значително се растресоа во последните шест години. Тоа донекаде е резултат од одбивањето на Рахој да прифати било каква каталонски барања за поголема самоуправа. Според Санчез, најважно е што имено младите избирачи се најголемите приврзеници за независноста. Тоа ветува добра иднина за сепаратизмот. Многу зависи од тоа како ќе одговори централната влада во Мадрид. За жал, општите избори во Шпанија на 20 декември доведоа до толку разединет парламент, што составувањето на влада може да потрае со месеци или да стане неизбежно да се одржат нови избори. Каталонија може да има нов премиер, но прашањето за нејзината независност не е многу поблиску до решавање.