Македонија
7. December 2017 - 16:07

Неопходни законски измени за спречување на злоупотреби во ДИК

Само измени во изборниот законик во член 19 став 2 може да спречи понатамошна исплата на надоместоци за членовите на ДИК. И антикорупционерите не гледаат злоупотреба во работата на членовите на изборната комисија. Законот кој е основа за нивното работење не бил прекршен а поради тоа што им го овозможува овој член антикорупциска нема основ за проверка на судирот на интереси сами за себе да одлучуваат колку пари ќе добијат. 

Четирите плати кои си ги изгласале како надоместок на седницата на 16 ноември за сработеното на локалните избори вчера легнале на сметките на членовите на ДИК. Денеска претседателот на комисијата парите ги уплатил на движењето против хендикеп ,,Полио плус‘‘.

На седницата во вторникот членовите на ДИК одлучија секој за себе да одлучи што ќе прави со парите. Додека тие размислуваат граѓаните ја побараа помошта од нив.

Во име на гледачот од Неготино, уредникот на ,,Ја сакам Македонија‘‘, Александар Блажевски по емисијата го предаде барањето за донација во архивата на комисијата. Одлуката останува на нив.

Истиот состав на ДИК покрај средствата кои ги добил по завршувањето на локалните избори, за себе си издвоил и дополнителни 5 плати за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во декември минатата година, но и по три плати за изборите кои беа одложени во април минатата година. Законот оваа можност им ја гарантирал уште од 2006та. Случајот го откри амбасадорот на САД, Џес Бејли, а комисијата заклучи дека не го поминале судот на јавноста.