Македонија
17. July 2018 - 11:07

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со Божја помош ќе и помогнеме на црквата

 Бугарскиот патријарх Неофит се надева дека со Божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кој тој го означи како „нешто во кое вреди да се вложи“.
 
- Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме радосни и среќни. За многу години, изјави бугарскиот патријарх за БГНЕС одговарајќи на прашање како ќе и помогне на Вселенската патријаршија при решавање на прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА. 
 
Неофит учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија