Македонија
8. September 2021 - 22:17

Неофицијално има жртви во пожарот во ковид центарот во Тетово, потврдуваат од министерството за здравство

Пожарот кој веќе 40 минути беснее во тетовската модуларна болница е сериозен. Од МВР велат дека нивни екипи се веќе на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во пожарот.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда.

Според последните информации, зградата е целосно изгорена.