Балкан
4. November 2017 - 13:36

Неофицијална средба на министрите за надворешни работи на Турција и Германија

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу се сретнал со германскиот колега Зигмар Габриел, првпат откако минатиот месец Турција ослободи неколку активисти за човекови права, меѓу кои и еден германски државјанин, јави ДПА.

Чавушоглу соопшти денеска на Твитер дека во четвртокот се сретнал со Габриел на неофицијална средба, со кого разговарале за „тешки прашања и меѓусебни очекувања".

На крајот на октомври суд во Истанбул нареди ослободување од затвор на германскиот активист на човековите права Петер Штојтнер и на други седум активисти до изрекување на пресудата во судскиот процес против нив по обвиненијата поврзани со тероризам.