Балкан
28. August 2016 - 17:28

Неофицијална средба на министрите за надворешни работи на Грција и Турција на Крит

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција се сретна денеска на грчкиот медитерански остров Крит, каде одржаа неформални разговори, пренесе грчкото државно радио, пренесува ДПА.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу разговарале за неуспешниот обид за преврат во Турција, миграциската криза, безбедноста и други регионални прашања.

Двајцата министри разговарале и за осумте турски војници кои избегаа во Грција по обидот за преврат и кои бараатт азил во оваа земја.

Турција инсистира војниците да бидат екстрадирани. а официјална Атина ги разгледува нивните апликации за азил и неколкупати потенцира дека судот ќе донесе одлука за ова прашање.