Loading Video...
Тенис
23. March 2022 - 11:57

Неочекувано - најдобрата светска тенисерка Барти ја заврши карерата

Светската спортска јавност денеска ја шокира најдобрата светска тенисерка Ешли Барти. Австралијката, објави дека става крај на својата спортска кариера. 
 
Иако има само 25 години и веќе долго време е на првото место на ВТА листата, Барти реши да прекине со тенисот, и да се оспети на исполнување на други соништа кои ги има во животот 
 
„Многу сум среќна и многу сум подготвена. Едноставно знаев, го чувствував моментот во моето срце, знам дека ова е правилна одлука. И знам дека луѓето може нема да разберат. Но океј сум со тоа. Бидејќи знам дека Еш Бартон е личност која има многу соништа што сака да ги оствари“, изјави Барти.
 
Таа од 2019 кога го освои првиот свој грен слем, Ролан Гарос, досега е најдобра тенисерка. Лани победи на Вимблдон, а годинава стана првата австралиска тенисерка која по 44 години триумфирала на Австралија опен.