Бизнис
22. April 2017 - 16:56

Неочекуваниот пад на температурите ќе се одрази на земјоделските култури, а особено на лозовите насади, овошките и оревот

Екстремно ниските температури за овој период од годината, а од кои во изминатите две ноки беше зафатен преспанскиот регион, целосно ги уништија овошните насади. Овоштарите стравуваат дека годинава во овоштарниците кои се претежно засадени со јаболка, нема да има никаков род. Стручни екипи од Министертсвото за земјоделие денеска излегоа на терен. 
 
Инаку,  ова е трета временска непогода во последните четири години која се случува во Преспа и која директно прави штети врз овошните насади. Во 2014 – та имаше временска непогода од град , а во 2016 и 2017 - мраз.  Досега, овоштарите добија обештетување само за штетите настанати од мраз. Последнава непогода дополнително го погоди преспанскиот овоштар по што ситуацијата со главната економска активност во Преспа станува алармантна.