Џет-Сет
6. February 2018 - 13:48

Необјавена фотографија од Цеца и нејзината сестра Лидија: И во добро и во зло тие не се раздвојуваат, тука се гледа колку си личат

Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот живот постојано буди интересирање кај нејзините фанови и публиката.

Сеца, која во осумдесеттите години вртоглаво се вивна во естрадните висини со песната „Цветак, зановетак“, се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан и со него доби две деца, Вељко и Анастасија.

На Ражнатовиќ семејството и е многу важно, а нејзините родители секогаш и се голема поддршка, а никој не и е поблизок од сестрата Лидија, која до неодамна живееше со Цеца и децата во вилата на Дедиња. И во најтешкиот момент, која Жељко беше убиен, Лидија беше покрај неа и и помогна да ги порасне децата. И децата на Цеца многу ја ценат, а Вељко на своите гради го истетовира името на тетка си.

Фотографијата од помладите години на социјалната мрежа Инстаграм предизвика многу внимание. На неа се Цеца, сестрата Лидија и нивните родители, а во скутот на Цеца е малечок бернардинец. Бидејќи пејачка е црна, а Лидија последните години носи посветла боја на косата, тука се приметува колку тие две навистина личат и дека имаат иста насмевка.