Македонија
15. August 2018 - 14:12

Необична пријава во полицијата во Чаир: Непознато лице се заканувало преку Вибер користејќи слика од полицаец

Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Чаир, полициски службеник пријавил дека во текот на 13.08 и 14.08.2018 година, непознато лице користело негова слика на социјалната мрежа „Вибер“ и на тој начин контактирал со други корисници и им се заканувал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.