Свет
19. December 2018 - 18:49

Ненадејна одлука на САД со која сите ги шокираше: Американската војска забрзано се повлекува од Сирија, Трамп: Ја победивме Исламската држава

Белата куќа соопшти дека почнало повлекувањето на американските сили од Сирија. 
Одлуката ја донел Доналд Трамп кој одмана изрази желба за повелкување на војниците од Сирија. 
 
- Ја поразивме ИД, тоа беше единствената причина поради која бевме таму, напиша Трамп на Твитер. 
 
- САД и нејзините сојузници се подготвени повторно да ги заштитат американските интереси ако тоа е потребно, соопшти Белата куќа. 
Тие додаваат дека победата над Исламската држава во Сирија не значи дека нема да постои, туку само дека „преминуваат во нова фаза“.