Свет
15. September 2016 - 18:44

Немири во Париз поради Законот за труд

Во Париз денеска неколку пати избија немири за време на протестите поради Законот за труд.

Демонстрантите фрлале тврди предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец и димни бомби. Најмалку шест лица се уапсени пред и за време на протестите

Во близина на Плоштадот Република биле уништени повеќе автобуски постројки и друг инвентар.

Околу 15 отсто од авионските летови се откажани поради денешните протести.