Нема знаци дека нападот во воз во Швајцарија е терористички акт
Швајцарската полиција соопшти денеска дека засега нема индикации дека нападот вчера извршен во воз во североисточниот дел на земјата, кога 27-годишен маж рани со нож шест лица и им нанесе изгореници палејќи оган, бил терористички акт.
- Засега нема индикации дека тоа бил терористички или политички мотивиран акт, се наведува во соопштението на полицијата во Санкт Гален.
Полицијата синоќа не ја исклучи можност дека тој напад бил злосторство од страст и соопшти дека мотивот се уште не е конкретно утврден, но дека е мала веројатноста дека станува збор за тероризам.
Вооружен маж рани синоќа во воз во североисточна Швајцарија шест лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете, а при тоа и го запали вагонот со запалива течност и им нанесе изгореници на патниците.
Дваесет и седум годишниот Швајцарец нападот го извршил во воз, кој бил во движење на крајниот исток на земјата, кај границата со Лихтенштајн, а во таа прилика исто така и тој е ранет, соопшти регионалната полиција во кантонот Санкт Гален.
Полицијата соопшти дека седум лица се префрлени во болница, а дека некои од нив се тешко ранети.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина