Македонија
25. November 2020 - 16:43

Нема завршница за ниту еден случај во кој бил вклучен ДСЗИ

И по 10 дена енигма како починала 41 годишната пациентка во штипската болница и дали има медицински пропуст во нејзиното лекување. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја констатирал фактичката состојба на лице место и побарале Министерството за здравство да формира стручна комисија. Инфектолог, анестезиолог и пулмолог треба да испитаат дали починатата била лекувана според сите протоколи и колку била неопходна кислородната поддршка. Од Министерството иако побаравме, не добивме одговор до каде се со процедурите што ги иницирал инспекторатот.

-Имавме 21 надзор од наша страна и ги завршивме и инициравме стручен надзор што го работи МЗ или лекарска комора. Во моментот во тек се 9 вонредни надзори на ДСЗИ кај помлади пациенти кои починале и не успеале да се изборат со вирусот, вели Ирина Бухова Сотирова, директор на ДСЗИ.

За помладите пациенти кои починале во болница инспекторите од ДСЗИ ја проверуваат документацијата од нивните матични лекари, дали имале претходни хронични заболувања и каков бил текот на лекување од од матичен до болница. 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека овој месец до цнив не стигнала пријава или поплака од пациент за несоодветен медицински третман.