Македонија
21. August 2020 - 13:57

Нема "ЗА" од ВМРО-ДПМНЕ за Талат Џафери

ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за избор на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница истакна дека во изминатиот период Деловникот бил постојано прекршуван, обвини дека 40% од законите биле носени по скратена постапка со што била оневозможена дебата. Мицевски дополни дека Џафери неуспешно го менаџирал целиот процес и токму затоа нема да гласаат по предлогот Џафери да биде избран за претседател на Собранието.

Дебатата по оваа точка продолжува со листата на пријавени пратеници за збор, главно од опозицијата.

Горан Симоновски