Македонија
4. August 2019 - 16:15

Нема вонредна седница на Комисијата за историски прашања, за Гоце Делчев ќе се разговара во септември

Вонредна работна средба со бугарската Комисија нема да има, вели Драган Ѓоргиев, шефот на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.

Бугарската страна која ја предводи професорот Ангел Димитров, вчера во изјава за бугарското Радио побара вонреден состанок до крајот на август. Според него, на средбата би се говерело за бугарските учебници за средновековието и османлискиот период, но и прашањето за чествувањето на Гоце Делчев.

Ѓорѓиев вели дека ваквите повици се непродуктивни, а утврдената динамика на средби е сосема доволна.

За најспорната точка во преговорите, македонскиот историчар вели дека доколку се сака решение, идентитетското прашање за Гоце Делчев не треба да се отвора. Ваков став и претходно изразуваа членовите на македонската комисија, бидејќи тоа може Комисијата да ја доведе во ќор-сокак.

Повикот да се забрза работата на историската комисија следува откако бугарскиот премиер Бојко Борисов при посета на земјава порача дека до октомври, комисијата мора да најде решение за Гоце Делчев.

Ѓорѓиев дециден дека политичарите не треба да поставуваат рокови, а до решение ќе се дојде само со конструктивен пристап.

Редовната работна сребда на македонските и бугарските историчари е закажана за 12 и 13 септември во Софија.