Loading Video...
Свет
14. August 2022 - 16:33

Нема вина за убиството на напаѓачот од Цетиње, доколку Обвинителството истото го квалификува како нужна одбрана

Нема да постои вина за убиството на напаѓачот од Цетиње,  доколку Обвинителството истото го квалификува како нужна одбрана, пренесуваат црногорските медиуми. Според Кривичникот законик на Црна Гора нужната одбрана е основа која исклучува постоење на кривично дело, ако сторителот извршил неизбежен незаконски напад при што се заштитил себе си или друг.

Денеска пак, семејствата на жртвите се простуваат од своите сакани. Во владиниот дом во Цетиње се одржа комеморација за жртвите од трагедијата. На комеморацијата присуствувале претставници на локалната власт,  владата, како и премиерот и претседател на Црна Гора Дритан Абазовиќ и Мило Ѓукановиќ, а семејствата на загинатите побараа државата да го ослободи од одговорност нивниот сосед кој го уби Бориловиќ.