Македонија
25. January 2022 - 16:37

Нема термини за тестирања и лабораториски анализи на државна сметка

Наплив од пациенти со симптоми на Ковид-19 во ординациите на сите матични лекари, а за лабораторија и тестови на државно се чека и по десетина дена.

Доктор Ирена Витановска смета дека граѓаните кои имаат лесни симптоми слични на настинка не треба да се тестираат, ниту да прават крвни анализи на своја рака без да ги упати матичниот. Според неа, од искуството со нејзините пациенти, Омикронот во ретки случаи доведува до зголемување на Д - Димерите.

-Нема потреба сите да прават, ако има лесни симптоми не треба да се тестира и да прави Ковид лабораторија. Треба да се остави простор за тешки пациенти, а се чека околу 10 дена, денеска отворив немаше никој термин. Во Кавадарци имаше, кој ќе оди од Скопје во Кавадарци. Нема потреба од толку тестирања пак ќе повторам, конкретно за Д – Димери, можеби лесно ќе се покачат и веднаш ќе се симнат. 500,700 и до 1000 и Клексан нема потреба. Даваме и друга терапија која исто така е ефикасна како клексанот. Сега можеби има недостаток поради навалата на пациенти, треба да се остави простор за други пациенти. Трудниците примаат па нема сега. Значи нема потреба од паника, изјави д-р Ирена Витаносвка, матичен лекар.

Доктор Витановска вели дека ниту еден нејзин пациент заразен периодов немал пневмонија.

-Јас ги прегледав сите пациенти, никој нема пневминија. Тоа болките во главата во нозете, во кичма обично се жалат поминуваат обично за еден ден. По некој има со болно грло, но и топа поминува за ден,два. И тоа е се и минатите години сме имале слични вирусни инфекции, вели доктор Витановска.

Матичната Витановска советува граѓаните кои имаат благи симптоми и температура под 38 степени да не трчаат веднаш по аптеки за тестови или за анализи по лаборатории, туку да се самоизолираат неколку дена, а на лекар да одат само доколкку навистина не се чувствуваат добро.