Македонија
23. January 2019 - 16:47

Нема теренски вакцини по училиштата, родителите ќе мора сами да одговорат на повикот за имунизација

Нема да има теренска вакцинација против морбили во уличиштата. Од министерството за здравство информираа дека иако првично на Комисијата за заразни болести ја разгледувале опцијата со почетотот на второто полугодие невакцинираните деца со дозвола на родителите да примат МРП вакцина, сепак донеле одлука дека немало потреба тимовите за имунизација да одат по училиштата бидејки засега со морбили нема заразено школко дете, а не биле вакцинирани само околу 5 отсто односно околу 3700 ученици, повеќето првооделенци. Службите за имунизација на невакцинираните ќе им испраќаат покани на врата кога да дојдат во пунктовите. Инаку останува на сила мерката во градинките да не се примаат невакцинирани деца.

- Во градинките задолжително се проверуваат вакциналните картони, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

На Инфективна вчера биле потврдени уште 8 нови случаи со мали сипаници. 4 лица се хоспитализирани на Клиниката, 3 се деца од Скопските општиони Сопиште, Аеродром и Карпош, не оделе во градинка и не биле вакцинирани, а 4-от пациент е на 25 годишна возраст од тетовско.

Досега со морбили заразени се 77 лица.