Бизнис
20. March 2019 - 19:35

Нема стручни работници за празните работни места во фабриките

Се отвараат нови работни места во земјава, но нема кој да ги пополни. Состојбата на пазарот на труд покажува дека квалификациите на невработените во голема мера не ги задоволуваат потребите на фирмите. Експертите сметаат дека образованието во земјава треба подобро да се менаџира.

Од власта се надеваат дека обезбедувањето атрактивни работни места од странски и домашни инвеститори ќе ги натера младите да останат овде и да не се иселуваат.

Бизнис секторот се сложува дека треба да овозможат добри услови за работниците да се мотивирани и да останат во земјава.

Освен образованието, во земјава и натаму е проблем работата на црно. Извештајот на Светска банка покажува дека неформалното вработување во Македонија континуирано се зголемува, а особено е застапено кај младите мажи, постарите жени и работниците со помало ниво на образование.