Loading Video...
Македонија
7. January 2021 - 16:39

Нема средба на македонско-бугарската комисија во блиска иднина - Димитров: До март да одмориме од проблемот

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања нема никава комуникација по последната средба одржана во Скопје на почетокот на декември која заврши без поместување на позициите.

Извори од комисијата велат дека работата е во застој по бугарското вето за преговарачката рамка, а нова работна средба во полн состав не е на повидок барем до февруари.

Засега нема решение ниту за придавката македонски поради која бугарските историчари одбиваат да ги потпишат записниците од последните три средби.

Извори од комисјата брифираат дека нјаголемите проблеми во работењето предизвикува меморандумот за Македонија кој бугарското народно собрание го усвои во октовмри 2019-та. Оттогаш напредок речиси и да нема бидејќи во ставовите на бугарските историчари доминира политиката наместо историјата.

И додека се чека датум за нова средба на историчарите, вицепремиерот Димитров во интервју за МИА вели дека до изборите во Бугарија закажани за 28 март, земјава треба да одмори од проблемот со Софија и да се фокусира на домашните реформи.

„Дел од бугарските политички сили можеби сакаат ова прашање и да го користат во кампањата. И не мислам дека ќе си помогнеме ако влеземе во таа приказна. Јас мислам дека е време малку да одмориме од овој проблем и практично од Бугарија. Мислам дека е време, енергијата, времето што не ни е бесконечно, тоа ни е ограничено да го инвестираме во средување на сопствениот двор. Тоа не значи дека треба да ги прекинеме разговорите со Бугарија, немаме од што да бегаме, кажавме јасни позиции и сме кристално чисти, меѓутоа мислам дека фокусот треба да биде дома“ вели Димитров за МИА.

Со оглед на ваквите ставови на вицепремиерот за европски прашања, засега нема официјална потврда дали по празниците повторно ќе се активираат средбите на двајцата министри за надворешни работи или нова посета на спрецијалниот претставник Бучковски на Софија, како што беше претходно најавено.