Живот
23. February 2016 - 15:01

Нема сила што ќе ја скрши: Пророштвото на Баба Ванѓа за Русија, кое нема да им се допадне на Американците!

Визиите на Баба Ванѓа ги предвиделе најголемите катастрофи и трагедии, од Чернобил па до терористичкиот напад на Америка. Сепак, таа се сметала себеси за маченик.
 
Со секоја нејзина точна најава, митот во врска со неа бил во подем, и немир за оние кои визиите на Ванѓа им ги нарушувале пресметките. Меѓу владетелите, кои и биле чести гости бил и комунистичкиот лидер Тодот Живков.
 
Поради врската со него во приказните е претворена во некој вид Мата Хари - шпиун кој за тајните служби врши најважни мисии. Со оглед на тоа што се дружела со врвот на бугарската Комунистичка партија, многумина сметаат дека за популарноста може да им се заблагодари на информациите кои ги добивала од тајните служби. Според легендата, ја посетил и Хитлер на кој му го открила исходот на Втората светска војна.
 
- Не оди во таа војна, ќе загубиш! - се развикала Баба Ванѓа.
 
Таа, во клучен момент го повикала Борис Елцин и му дала надеж - дека повторно ќе биде избран. А успех му предвидела и на Путин.
 
 - Нема сила која ќе ја скрши Русија. Повторно ќе стане империја! - најавила, а поради Сталин завршила зад решетки.
 
- иднината ја гледам како сцена од некој филм - објаснила светски познатата пророчица. Погодила околу 80 проценти од случаите. Сите кои некогаш се сретнале со неа ја опишувале средбата подеднакво. Таа има бесконечна енергија, нешто боженствено во себе.