Македонија
27. March 2019 - 16:36

Нема решение за хаосот на Клинички, властите си ја префрлаат одговорноста

Хаосот на Клинички продолжува. Големи дупки пред Ургентниот Центар го попречуваат сообраќајот. Тротоарите блокирани, а автомобили се паркираат на улиците.

Иста е состојбата и пред Детската клиника. Болничарите  тешко ги пренесуваат пациентите од клиника до клиника.

Граѓаните се револтирани од сообраќајниот хаос на Клинички. Се жалат дека движењето не им е безбедно  и доцнат на закажаните прегледи.

Најалармантна е состојбата во утринските часови кога е и најголемата гужва Дневно низ комплексот минуваат над 5000 пациенти, нивни роднини, но и околу 2000 вработени.

Монтажната катна гаража која беше најавена пред повеќе од една година никако да почне да се гради. На импровизираниот паркинг кај стара гинекологија се паркираат каде ќе најдат место.

Од министерството за здравство во одговор за Сител велат дека изработиле студија и биле потребни не една туку 3 катни гаражи, но нивната изградба ќе почека додека да завршат изборите.

- Еден од можните модели за финансирање на изградба и одржување на паркиралиштата е моделот на јавно приватно партнерство со што би се барал можен инвеститор од приватниот сектор, велат од МЗ.

Од здравство се прогласија за ненадлежни за дупките и одговорноста ја префрлија на градот и општина Центар.