Македонија
12. February 2019 - 23:17

Нема предвремени парламентарни избори

На седницата на Извршниот одбор на СДСМ што започна околу 21:00 часот вечерва, се донесе конечна одлука: нема предвремени парламентарни избори, пренесе Цивил повикувајќи се на извори од раководството на партијата.

На седницата преовладувала оцената дека реформите и интеграциите се поважни и дека предвремените парламентарни избори би имале негативни ефекти во динамиката на овие важни процеси за евро-атлантската иднина на нашата земја.