Loading Video...
Фудбал
31. May 2020 - 15:12

Нема позитивни на Ковид-19 во англиската Премиер лига

Како што информираат од англиската Премиер лига, таму нема ниту еден позитивен на Ковид-19 вирусот. 
 
Последните тестирања на Корона вирус кои беа спроведени меѓу фудбалерите и вработените во клубовите кои настапуваат во Премиер лигата, носи позитивни информации за љубителите на фудбалот. 
 
Во официјалното соопштение на Премиер лигата се вели: 
 
„Премиер лигата може да потврди дека тестирањата направени на 28 и 29 мај со кои беа опфатени 1130 луѓе имаат одличен резултат, нула зараени односно позитивни на Корона вирус.“ – стои во официјалното соопштение.
 
Инаку ова беше четврти „скрининг“ кој Англичаните го направија досега, а опфати безмалку 5.000 лица во фудбалските клубови. Од претходните три тестирања, само 12 лица беа позитивни. 
 
Прекинатата сезона во Премиер лигата треба да продолжи на 17 јуни, а во неа останува да се одиграат вкупни 92 натпревари, разбирливо без присуство на публика.