Македонија
14. March 2018 - 20:22

„Нема поубаво нешто од тоа кога аманетите од војната се реализирани“: Дехари и соборците УЧК го прославуваат усвојувањето на Законот за јазици

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поранешен  пратеник на ДУИ, и поранешниот  војник на УЧК, Хисен Џемаили, заедно со поранешните соборци Хамзи Гаши, Али Самадраџа, Хусни Реџа, Измит Нура и Мемет Селмани, сите членови на 112-та бригада Мујдин Алиу, го прославија донесувањете на законот за употреба на јазиците, известува  Aktuale.mk.

„Поранешниот борец на Бригада 112 Мујдин Алиу, Хамзи Гаши на својот профил на Фејсбук напиша: Прославувајќи го официјализирањето  на албанските јазик, војници, борбени другари на 112-та бригада  Мујдин Алиу. Нема поубаво нешто од тоа кога аманетите од војната се реализирани!“