Македонија
15. July 2016 - 19:25

Нема потврда за загинати и повредени Македонци во Ница

Нема дефинитивна потврда дали во терористичкиот напад во Ница има загинати и поврдени македонски државјави. Сеуште трае идентификацијата на жртвите и повредените хоспитализирани во болниците. Од македонската амбасада во Париз за Сител велат дека досега немаат добиено никаква информација од надлежните француски институции за настрадани македонци во грозоморниот чин кој го потресе светот.Во текот на денот ниту еден наш граѓанин не се јавил во амбасадата да побара помош.

-Габриел Атанасов, македонска амбасада во Париз.

И француската амбасадорка во Македонија информираше  дека според досегашните информации со кои располагаат нема македонски жртви во терористичкиот напад во Ница. Лоренс Оер истакна дека Франција тагува, но нема да попушти во борбата против тероризмот. Според неа нападот е извршен на 14 јули кога се прославува денот на Републиката и е полн со симболика. Во понеделник во амбасадата ќе биде отворена книга на жалост. Таа искажа големо признание за Македонија за изразеното сочуство од државниот врв и лидерите на политичките партии.

-  Бевме во контакт со амбасадата во Париз, но засега нема пријавено настрадани Македонци. Сепак, болниците се полни и сè уште се врши идентификација. Во Париз е отворен ургентен број каде што луѓето ќе можат постојано да се информираат и да бараат информации, Лоренс Оер, амбасадор на Франција во Р. Македонија.

Во моментот во хотелите на Азурниот брег нема македонски туристи, потврдија за Сител од комората за туризам, а во недела се очекува во Ница да пристигната група од 30 туристи во Македонија кои во моментот се во Шпанија. Во среда пак од Скопје за Ница ќе тргне нова група на туристи. Од агенциите кои ги организираат турите велат дека досега никој не го откажал аранжманот, се јавиле само да се информираат дали поради последните настани агенцијата има некаква промена за патувањето.

Од МНР додаваат дека дополнителни информации можат да се добијата и од и во македонската амбасада во Париз.

Телефони: +331 45 77 89 63; +331 45 77 10 50+331 45 77 10 73

Мобилeн телефон: +33 670 45 16 58

Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris

Е-пошта: paris@mfa.gov.mk