Македонија
3. April 2020 - 14:54

Нема потреба од засилување на рестриктривните мерки во Скопје во овој момент

Нема потреба од засилување на рестриктривните мерки во Скопје во овој момент, смета градоначалникот Шилегов. Вели дека бројот на новозаразени во главниот град не се зголемува драстично на дневно ниво. Според него, мерките кои во моментот се во сила даваа резулати.

-Ако се појави критичен момент да мораме ги засилиме мерките, тука нема да се прави контромис. Ниту јас како градоначалник нема да дозволам во мојот, во нашиот град поради неодговорно однесување на институциите да дозволиме пикот да ни избега. Сега за сега контролата на пикот, гледате дека во Скопје има по пет-шест заразени, освен оној првичен пик заради неодговорно однесување на разгаслени деца, рече Шилегов.

Истиот став го делат и советниците од СДСМ и коалицијата. Иако велат дека досега се размислувало и за поригирозни мерки, во моментот нема потреба од такво нешто.

-Дури и до таму се одеше со идеи да се забрани јавниот градски превоз и јавниот меѓуопштински превоз како еден причинител каде што може да има меѓусебно ширење на заразата. Меѓутоа, Кризниот штаб во моментот одлучил дека до таму не треба да се оди зашто се уште онаа крива е во рамките на некое задоволнително ниво, вели координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Драги Давчевски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пак, велат дека треба да се засилат мерките во Скопје, бидејќи главниот град има најголем број на заразени.

-И како метропола и како главен град и главен транзит сметам дека сите критични или потенцијално заразени проциркулирале низ главниот град. Така што, сметам дека Скопје треба да се стави со посебен нагласок на превентива и контрола граѓаните. Најголемата контрола на потенцијално заразени требаше да се прави во Скопје. Ако имаме предвид дека и здравствениот систем не ни е на завидно ниво и единствените Клинички центри се наоѓаат во Скопје тогаш сметаме целата циркулација на сите требаше да биде овде контролирана, вели ...

Советот на Град Скопје денешните седници ги одржа под отворено небо. Советниците без расправа експресно носеа одлуки, за што Шилегов им се заблагодари.

Град Скопје со цел ослободување повеќе пари во економијата ја намали комуналната такса од 15 на 5 денари по квадрат, а го откажа и кредитот за изградба на Луна Паркот. Но, ќе се подигне друг кредит за изградба и реконструкција на улици и друга инсфраструктура.

Комуналиите над 1 милион евра наместо на 12 ќе можат да се исплаќаат на 18 рати.