Македонија
29. July 2018 - 18:45

Нема подолги задржувања на граничните премини

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.