Македонија
16. May 2018 - 16:50

Нема партиципација за болничко лекување за лица до 18 години, приматели на социјална помош

Околу 24.200 лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош се ослободуваат од плаќање партиципација за болничко лекување. Ваква одлука е донесена на последната Владина седница. И тие влегуваат во програмата заедно со пензионерите кои имаат примања под 12.600 денари. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари.

-Владата донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.

Од Владата информираа дека ги испратиле до Обвинителството ревизорските извештаи за финансиското работење на Институтот за јавно здравје и Институтот за медицина на трудот во 2016. Во извештаите се посочени низа неправилности.

- Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.

Инаку ревизорите утврдиле дека во ИЈЗ вработени земале поголеми плати од предвидените, се полнело гориво во приватни автомобили на сметка на установата и немало објаснување за трошењето на пари по ресторани.