Македонија
13. July 2020 - 19:34

Нема оптимизам за заживување на туризмот

Речиси 100 процентен пад на бројот на странски туристи во мај. Државна статистика избројала вкупно 183 гости или 99.2% помалку спредено со истиот месец минатата година. Туроператорите кои носат странски гости во земјава велат дека бројките и во наредниот период ќе бидат исти затоа што сите тури кои требало да се реализираат наесен се откажани.

Лани земјава од туризам инкасираше над 400 милиони евра, тоа значи дека загубите годинава ќе се бројот во стотици милиони. Минусот ќе биде уште поголем со оглед на прогнозите според кои туризмот во 2020 требаше да забележи раст од 10 до 15%.

Домашните туристи нема да ја ублажат загубата. Туроператорите велат дека за прв пат овој викенд имаше гости во туристичките места, а тие главно сами си наоѓаат сметсување, без посредници. Дополнителен проблем е што престојот им е краток затоа што стравот од короната ги прави луѓето многу претпазливи.