Нема опасност од поплави кај Делчево
Реката Брегалница кај Делчево засега нема опасност од излевање. Како што информира Кире Цоневски, соработник за заштита и спасување во општина Делчево, реката во урбаниот опфат е во рамки на речното корито.
- Што се однесува до урбаниот опфат во Делчево, за што е надлежна општината, сите реки не го надминуваат во моментов речното корито. Ние сме во постојана приправност и координација со надлежните државни институции, како Центарот за управување со кризи, исто така и со Дирекцијата за заштита и спасување. Правиме редовна обиколка на теренот и она што можеме да го истакнеме е дека состојбата издржува, речното корито во урбаниот опфат е обезбедено, рече Цоневски.
Тој потенцираше и дека во приправност се и екипите на ЈПКД „Брегалница“ и по потреба може да се активира механизација од ова претпријатие, но и од други претпријатија во општината.
- Досега пријави од граѓани за проблеми со поплави немаме. Единствен критичен момент беше на улицата „8 Септември“ во Делчево, која е во близина на речното корито на Брегалница, но и таму водата се повлече во коритото. Нема проблеми, засега ниту со реките Габровчица и Желевица кај село Тработивиште, рече Цоневски.
И понатаму останува забраната за движење на товарни моторни возила по мостот на реката Брегалница кај село Тработивиште кој води за село Разловци, кој беше оштетен од минатогодишните поплави.
Според општина Делчево, за мостот, кој е во надлежност на Македонија пат и Агенцијата за државни патишта, се очекува во најскоро време да почне санацијата за што се обезбедени средства од донатори, изготвен е планот за негова санација, а во моментов се бира изведувач на работите.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово