Македонија
25. January 2019 - 15:08

Нема опасност од излевање на реките во Куманово и покрај врнежите од дожд и снег

Нема опасност од излевање на реките во Куманово, соопштија денеска од општинскиот штаб за заштита и спасување по извршениот увид по обилните врнежи од снег и дожд што го зафатија градот денеска.

– Членови на Општински штаб за заштита и спасување, заедно со претставници од РЦУК – Куманово и претставници од СВР Куманово, излегоа на терен заради увид на состојбата на потенцијални, критични точки на реките и речните корита. Заеднички беше констатирано дека сoстојбата е стабилна и е под контрола и засега нема опасност од излевање на реките, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека интензивно ќе се следат состојбите и ќе преземат соодветни активности и мерки. Од штабот ги информираа кумановци во случај на поголеми наноси од снег и непроодност на патиштата дека се отворени дежурни телефони 195 на Центар за управување со кризи и 078 365 061 на Општина Куманово.