-->
-->
Нема опасност од излевање на речните корита во Куманово
-->
Нема опасност од излевање на реките од своите корита на подрачјето на општина Куманово, покачувањето на водостојот е незначително, браните Липково и Глажња се уште имаат капацитет за прилив на вода. Ова се дел од информациите кои денеска ги презентираа надлежните од општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово на вонредната седница на советот на општината.
- Врнежите кои ноќеска ја зафатија територијата на општината не предизивикаа никакви последици, поради пролетното чистење на користата, информираше Живко Наковски од општинскиот кризен штаб.
Одржан е координативен состанок на кој присуствувале преставници од општината и РЦУК Куманово, пришто донесен е заклучок внимателно да се следи состојбата со врнежите во Куманово и соседните општини и да се преземат соодветни мерки во соработка со РЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување.
Во текот на вчерашниот ден, по одржаниот состанок на градоначалникот на Куманово со јавните претпријатија во градот и ТППЕ Куманово, договорено е ЈП „Водовод“ да ги провери шахтите на улиците „Октомвриска револуција“,„Доне Божинов“, „Народна Револуција“ и „Никола Тесла“. Општината испрати првична техничка помош за градот Скопје, пумпи за исцрпување вода, возило цистерна и возило на ТППЕ со осумина пожарникари. И ЈП „Чистота и Зеленило“ оставри директен контакт со ЈП на Град Скопје за услогласување на активностите, се наведува во информацјата на општинскиот штаб за заштита и спасување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово