Македонија
13. August 2022 - 16:35

Нема огревно дрво за училиштата во Карбинци

Општина Карбинци не може да обезбеди огревни дрва за да ги стопли училниците во основните училишта за претстојната учебна година. Потребни им се околу 90 метри кубни огревно дрво за затоплување на 9 подрачни училишта во општината, но на двете распишани јавни набавки не се јавил ниту еден понудувач.

  • Распишавме повторена јавна набавка за дрво за огрев, меѓутоа и на повотрената не се јави никој и веќе размислуваме и по трет пат да ја распишеме јавната набавка- изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Стариот систем на загревање на училниците со ќумбиња на дрва се уште е пракса во руралните средини, која ќе мора да се промени.

  • Претстои реконструкција на дел од училиштата и со таа реконструкција ќе биде предвидено затоплување со друг алтернативен начин кој во денешно време би бил по ефективен и ефикасен за самото училипте- додаде Паунов

Без дрва за огрев останаа и 500 штипски пензионерски семејства, на кои им беа вратени уплатените средства. Од здружението на пензионери информираат дека 300 пензионери индивидуално потпишале договор со набавувачите и платиле по 700 денари повисока цена од претходно договорената, односно, по 4100 денари за буково и 4200 денари за метар кубен дабово дрво.