Македонија
18. October 2018 - 18:33

Нема одлука за притворот на Мукоски

Неопходно е да заврши судскиот процес за настаните од 27-ми оти тоа е единствен начин да се утврди дали обвинитетите сносат вина за делото кое се товарат, вели поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска.. Сепак таа не ја исклучува можноста од амнестија за обвинетите во предметот..

Понудата за помирување меѓу пратениците по настаните од 27 април, премиерот Заев ја упати неделава од собраниската говорница.. Тој на дебатата за уставни измени рече дека сега е моментот за простување оти нема друг начин народот да се помири ако таков пример не понудат пратениците.. Во изјавата на премиерот Заев, јавноста препозна амнестија за пратениците кои се на обвинителна клупа..

Инаку според Николовска, реакциите за должината на рочиштата во предметот 27 април е одговорност на судијата и адвокатите.. Таа вели дека пракса на судот во Стразбур е оценка на однесувањето на двете страни во постапката..

 

 

 

 

`