Македонија
6. May 2020 - 16:34

Нема одлука кога градинките ќе почнат со работа

По колку деца ќе бидат згрижени во група, како во иднина ќе функционираат градинките,  дали ќе се бара потврда за здравствена состојба или ќе има други услови,  труд и социјала и Комисијата за заразни болести се уште ги подготвуваат прототолите за да можат повторно да бидат отворени воспитно -образовните установи. Засега нема точен датум кога ова ќе се случи, но од министерството под чија надлежност се градинките уверуваат дека ниту едно дете периодот нема да остане не згрижено.

- Сакаме да порачаме дека децата нема да останаат незгрижени, без разлика дали ќе бидат отворени градинки или ќе се продолжи мерката за ослободување на родител, како и пролонгирање на породилното отсуство. Самата одлука ќе се донесе земајќи го во предвид здравјето и безбедноста на нашите деца, рече Санела Шкријељ, дополнителна заменик министерка за труд и социјала.

Градинките престанаа со работа официјално на 11 март, но доколку се врати животот во нормала, родителите почнат да одат на работа и установите кои згрижуваат деца мора да ги отворат вратите.