Македонија
16. January 2019 - 16:16

Нема одговор каде се трошат парите од зголемените акцизи за дизелот наменети за намалување на аерозагадувањето

Нема одговор каде завршиле повеќе од 30 милиони евра народни пари кои Владата ги прибра од акцизите за дизелот. Еко здруженијата прашуваат како со овие средства владата придонела за екологијата, како што беше ветено при зголемувањето на давачката. 

Од министерството преминаа преку прашањето за парите од зголемената акцизата и потсетија дека фокусот во 2019 е на проекти со кои ќе се  опфатат поголем број корисници со што нема повеќе да загадуваат. Со помош на меѓународни проекти Макрадули верува дека во следниот период ќе обезбеди нови поверодостојни  технологи кои ќе го мерат загадувањето.

„Не постои држава во свет каде што затоплувањето на дрвото не е најголем придонесувач за ПМ и затоа планот предвидува да се справиме со тоа. Најодговорно тврдам трите хостели во Скопје, кои се греат на јаглен загадуваат повеќе од фабриката која се наоѓа до нив. И тоа сакаме да го решиме. Едвај чекам да помине во парламент забраната за користењр на јаглен, изјави Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Активистите реагираат, Владата мора да даде одговор кој загадува на лето кога домаќинствата не се грејат. Бараат да се смени начинот на кој се доделуваат субвенции и пеки. ЕКологистите ги критикуваат надлежните и бараат да се фокусираат повеќе на контрола  на големите и мали индустрии.

Градот се пофали со засилените инспекциски контроли изречени казни, акциите за  раззеленување,  загревањето на домовите и транспортот.

Сите иницијативи на граѓанските здруженија треба да бидат испратени писмено до Владата по што ќе бидат предмет на анализа.