Македонија
1. March 2020 - 16:35

Нема нови сомнителни случаи на коронавирус, заразената пациентката е во добра состојба

Пациентката заразена со коронавирусот закрепнува. Здравствените власти не регистрирале нов случај на заболен од вирусот. Од синоќа никој не се јавил со симптоми и не се извршени тестирања на нови пациенти.  ВО изолација остануваат лицата кои оствариле непосреден контакт со заболената или пак дошле на тестирање поради симптоми кога се вратиле  од кризните подрачја.

- Единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид 19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија.

Струмичкиот и прилепскиот карневар се откажани поради ситуацијата со коронавирусот. Владата препорача да не се одржуваат масовни собири , но вчера со големо присуство на публиката се одигра ракометен меч во спортската сала Јане Сандански, каде играа Вардар и клубот од Франција,Монпелје. Сончевото време и денеска ги собра граѓаните во  парковите. Анкетираните велат дека ги следат препораките но не се плашат многу од вирусот.

 За разлика од Македонија, состојбата на светско ниво се влошува. Се повеќе земји регистрираат нови случаи на заразени. Светската здравствена организација го подигна степенот на опасност на многу високо ниво. До ова дојде поради ширењето на вирусот на сите континенти освен на Антартикот. Нови осум држави ги пријавија првите заболени со корона. Трендот на заразени но и бројот на смртни случи пораснал за кратко време. Новото жариште не корона вирусот е Јужна Кореја која пријави нови 210 случаи.