Нема нов случај на заболен од коронавирусот во земјава
Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од коронавирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во соопштението се посочува дека единствената пациентка позитивна на вирусот Ковид-19 е во добра здравствена состојба.
– Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна на коронавирус и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација. Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија, се додава во соопштението.
Министерството посолува дека земјава ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од коронавирус и затоа нема простор за паника.
– Апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респираторно заболување. Во однос на состојбата со коронавирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции, се нагласува во соопштението.
Министерството посочува дека продолжуваме со редовно информирање на јавноста и дека во текот на утрешниот ден, министерот за здравство Венко Филипче ќе го одржи редовниот брифинг за состојбата со коронавирусот во земјата.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја