Македонија
10. May 2019 - 16:34

Нема напредок за СЈО, пропадна уште една средба меѓу власта и опозицијата

Нема напредок во преговорите меѓу владата и ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали и како ќе продлжат постапките кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство по истекот на мандатот во јуни 2017 година.

Опозицискиот тим предводен од адвокатот Тони Менкиноски и понaтаму смета дека овие предмети се покренати од неовластен тужител. Инсистираат за овие предмети да пресече независен меѓународен арбитер односно Венецијанската комисија.

Власта прифаќа проверката од Венцијанска комисија само по донесувањето на законот. За министерката за правда Рената Дескоска прeдлогот на ВМРО-ДПННЕ би значел амнестија.

Од друга страна, опозицијата прочитала позитивни сигнали дека власта е подготвена за смена на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Дескоска вели воопшто не се зборувало за тоа.

Неуспешната средба на преговарачките тимови значи дека се помали се шансите да се донесе законот за обвинителство до роковите потребни за затворање на Извештајот на Европската комисија. Власта вели дека за тоа е виновна опозцијата, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека  владејќакиот тим не доаѓа подготвен за преговори.  Не е исклучено од наредната недела во разговорите да се вклучат и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран заев и Христијан Мицкоски.