Бизнис
12. September 2017 - 19:36

Нема минимална плата за сите работници, туку само за тие што ќе исполнат норма, законот е непрецизен-реагира Синдикатот

Минимална плата нема за сите работници. 12.000 денари ќе примат само тие кои ќе исполнат норма.

Синдикатот на индустријата пак тврди дека нормата е многу субјективна категорија. Ја утврдува работодавачот, врз основа на непознати критерими.

Ова значи дека работникот или нема да зема минималец или ќе работи многу повеќе од досега за да дојде до ветените 200 евра.

За синдикатт најчудно е како всушност „нормираниот учинок“ воопшто се врати во текстот на законот. Во преговорите кои се воделе на социо- економсиот совет било решено тој веќе да не постои. За сега , кога законот влезе во собраниска процедура, на изненадување на сите да с еврати во текстот.

Синдикатот апелира пратениците преку амндмани да интервенираат и од тексот на законот за минимална плата да се избрише „нормираниот учинок“, за конечно и Макеоднија, да добие закон за гарантирана плата како што има во сите земји.