-->
-->
Нема ЛШ за Лајпциг?!
-->
Европската фудбалска унија (УЕФА) се наоѓа пред тешка одлука кога се во прашање фудбалските клубови Лајпциг од Германија и Салцбург од Австрија. Двата тима, чиј сопственик е компанијата Ред Бул, со настапите во националните првенства изборија пласман во Лигата на шампионите. Лајпциг избори пласман во главната фаза, додека Салцбург треба да настапи во квалификациите.
Сепак, УЕФА покрена истрага бидејќи клубовите имаат иста сопственичка структура, нешто што УЕФА не го дозволува. Иако нема финансиска поврзаност на клубовите, УЕФА знае дека најголем финансиер на Лајпциг и Салцбург е Ред Бул.
Најверојатно, УЕФА ќе донесе одлука еден клуб да не може да игра во Лигата на шампионите. Во тој случај во предност е Салцбург бидејќи е шампион на својата држава, а Лајпциг сезоната во Бундеслигата ја заврши на второто место.
Според УЕФА, ниту едно правно или физичко лице не смее во исто време да има влијание во два клуба.
Доколку на Лајпциг не му биде дозволено да игра во Лигата на шампионите, тогаш Баерн, Дортмунд и Хофенхајм директно ќе играат во фазата по групи во Лигата на шампионите, а до позицијата која носи настап во квалификациите, во пресрет на последното коло најблиску е Херта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово