Бизнис
11. May 2020 - 16:39

Нема кратење на платите во администрацијата, ребалансот на буџетот е во финална фаза

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор?  Засега не, велат за Сител од Министертсвто за информатчко општетсво. Сепак, ставката за плати со ребалансот на буџетот може да биде намалена затоа што парите предвидени за нововработените ќе се скратат бидејќи овие вработувања нема да се реализираат.

Дополнителната заменичка министерка за администрација пак, тврди спротивно. Се заговара кратење на платите за да има пари за новите вработувања.

Со ребалансот чија подготовка е во последна фаза, нема да се чепка ниту во парите за капитални прокети, уверува министерот Сугарески.

Ребалансот засега е извесно е дека ќе ги крати трошоците кои не се приоритетни, а расходната страна на буџетот за оваа година го дозволува тоа.

Дупката во буџетот годинава заради корона кризата ќе биде три пати поголема од претходно планираното, ќе се полни главвално со задолжување заради што долгот ќе стигне до колу 60% од БДП.