Свет
13. September 2017 - 21:52

Нема крај ужасот на Флорида: Петмина починати во дом за стари, останале без струја

Пет лица починале во дом за стари лица во Флорида, откако останале без струја, во деновите по налетот на ураганот Ирма.

Локалната полиција соопшти дека од домот претходно биле евакуирани 120 стари и немоќни луге, откако ураганот предизвика прекин на струјата, што го запре и работењето на клима уредите и другата техника.

Тројца од починатите биле најдени мртви во домот, додека други две лица починале во болницата во Мајами.

Безмалку десет милиони луге се уште немаат струја, во Флорида, но и во соседните сојузни држави- Џорџија, Северна и Јужна Каролина.

Во Флорида со немањето струја не се погодени само домовите за стари луге, туку и живеалиштата, како и бројни повекекатници во кои стари, немоќни и болни лица не само што немаат услови за живот, немаат клима уреди, туку и поради блокираните лифтови не можат да се симнат долу и да примат помош и лекарска нега.

Властите настојуваат да им помогнат, за да не дојде до ситуации како во домот со старите лица, но претставник на полицијата изразил стравување дека не ке може до сите навреме да се дојде, затоа што се верува дека во ваква ситуација се наоѓаат околу 15 илјади лица.

Весникот „Мајами Хералд„ пишува дека на сите овие луге итно им е потребна помош и предупредува дека Ирма, иако сосема се повлеч, се уште „убива„ и се заканува.

Според официјалните податоци, само на Флорида , досега, се регистрирани 12 загинати.